Почетна Убавина и здравјеПариските фризери особено ја препорачуваат – Убавина и здравје

Париските фризери особено ја препорачуваат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа техника на бојосување им е опсесија на париските фризери моментално

Контурирањето на косата зазеде посебно место во светот на бојосувањето. Станува збор за техника која не доминира со целата фризура, туку дискретно го нагласува она најважното, а тоа е лицето. Токму затоа многумина ја опишуваат како бјути-трик кој има речиси незабележлив, но моќен ефект.

Како што објаснува парискиот стилист Етјен Секола, контурирањето на косата може да се опише како многу лесна, прецизна верзија на балајаж. За разлика од класичниот балајаж кој се нанесува по должината на целата коса, тука бојата се фокусира исклучиво на перчињата околу лицето.

„Целта е да му се даде светлина на лицето со суптилно осветлување на косата“, истакнува Секола.

„Добро поставените перчиња во боја ги омекнуваат цртите на лицето, го осветлуваат тенот и веднаш создаваат посвеж, помлад и поодморен впечаток, без да се изгуби природноста.“

Идеален избор за оние што сакаат промена

Таа суптилност е причината зошто контурирањето на косата е идеален избор за оние што сакаат промена, но не се спремни на радикална трансформација или комплицирано одржување. Иако резултатот може да биде речиси незабележлив на прв поглед, впечатокот е многу ласкав и честопати се забележува дури откако се направи споредба „пред и потоа“.

Една од најголемите предности на оваа техника е нејзиното едноставно одржување. Со оглед на тоа што станува збор за меко, блендирано осветлување, бојата природно се развива со текот на времето, без остри премини и изразен израсток.

„Одржувањето се препорачува на секои три месеца, но многумина можат без проблем да почекаат и шест до осум месеци“, тврди Секола.

Поврзани објави

Што се однесува до фризурите, контурирањето најдобро доаѓа до израз на слоевити резови.

„Колку послоевита е косата, толку играта со светлината е повидлива и поефектна“, објаснува Секола.

Меките слоеви овозможуваат перчињата природно да се движат и да рефлектираат светлина, создавајќи впечаток на сјај и длабочина. Средно долгата и долгата коса, како и брановидните текстури, се идеална подлога за оваа техника. Од друга страна, многу тапите и строги резови, како класичен рамен боб, не оставаат доволно простор за игра со светлината, поради што тука контурирањето може да биде помалку изразено.

При одењето во салон, клучниот збор е „суптилно“

„Важно е да не се претера со осветлувањето, особено при првото бојосување“, нагласува Секола.

Наместо многу светли или платинести перчиња, се препорачува одбирање нијанси блиски на природната боја на коса, како светол костен или потопли кафени тонови на потемна подлога. Така се постигнува складен, мек резултат кој изгледа како косата да е природно осветлена.

Контурирањето на косата најдобро е да се сфати како долгорочна стратегија, а не еднократен зафат. Идеалниот пристап и постепено градење на ефектот, чекор по чекор, за да може бојата да се приспособува, усовршува и адаптира на лицето.

ФОТО: Freepik, Инстаграм