Почетна ЕкономијаПАКОМАК нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територијата на Град Скопје!  

ПАКОМАК нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територијата на Град Скопје!  

од nenad
1 минути читај за

15/07/2024
МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО


Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градските улици кој освен што е  извор на непријатна миризба, на овие температури може да биде извор и на зарази. Покрај контејнерите за комунален отпад, неретко такви места каде се натрупува отпад се и контејнерите за селекција на отпадот од пакување на Пакомак. Во врска со ова прашање, од Пакомак не информираа дека тие соработуваат повеќе од 14 години со  Градот Скопје и ЈП Комунална Хигиена Скопје како компанија директно одговорна за управувањето со отпад на територијата на Градот Скопје. Досега од страна на Пакомак се поставени над 500 контејнери за селекција на отпад од пакување од 1,1 до 3,2 м3 во сите општини низ Градот Скопје. Најголем дел од контејнерите се за селекција на стаклен амабалажен отпад (над 350), но и стотина контејнери за пластика/лименки и хартија.