Вчеравечер во Њујорк беа доделени наградите кои традиционално ги доделува Здружението на американски дизајнери од 1962 година. Беа доделени 11 награди, меѓу кои и наградата за позитивни промени во модата која му припадна на дизајнерот Мајкл Корс, кој беше во друштво на актерката Блејк Лајвли.
Вообичаено е дизајнерите да се појавуваат со своите музи, што секако е Блејк Лајвли за Мајкл Корс.
Актерката освојува со убавината и одличниот стил! На тоа сме навикнати од оваа холивудска ѕвезда, чија фризура зрачи со сјајот на стариот Холивуд. Наметката што ја носеше има дискретни набори околу половината и ѝ ги истакнува линијата на телото и нејзините бујни облини.
Белото сако што го наметна над фустанот е толку шик детаљ, а пластичните сандали се најновиот моден тренд кој Блејк ефективно го следи.
Таа ја покажа својата умешност за елеганција и провокација, што беше особено видливо кога покажа дека високиот шлиц ѝ се протега до интимната зона. Деколтето на овој фустан е максимално длабок, изгледа предизвикувачко, но нема ни трага од вулгарност.
Поврзани објави
Блејк беше одлично расположена, а во еден момент се фати за градите и се пошегува со своите облини.
Фото: Инстаграм @mosaicbrokenheartay, @jennifer_yepez