Почетна Убавина и здравјеОткриена најголемата тајна на албумот „Алфа“ – Карлеуша се обиде да го сокрие ова, но сега сите ја знаат вистината

Откриена најголемата тајна на албумот „Алфа“ – Карлеуша се обиде да го сокрие ова, но сега сите ја знаат вистината

од nenad
1 минути читај за

Многумина ја посакуваа нивната соработка.

Јелена Карлеуша вчера го објави новиот студиски албум „Алфа“, кој излезе единаесет години по претходниот, кој се викаше „Дива“.

Овој проект се чекаше со големо нетрпение и продукцискиот тим чуваше се’ под превезот на тајноста.

Албумот има 10 нови песни. Објавени се заедно со интересни визуели, а во текот на вчерашниот ден беше објавен и спотот за песната „Карлибич“.

На албумот како текстописци се запишани познатите урбани поп-ѕвезди Газда Паја, Мими Мерцедес и МЦ Сајси. Сепак, она што најдобро се чуваше како тајна, а сега е откриено, е дека Јелена Карлеуша снимила дует со Милица Павловиќ.

Песната се вика „Машала“. Музиката ја потпишуваат Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, Небојша Арежина, Немања Антониќ, а текстот го напишаа: Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, Сајси МЦ (Ивана Рашиќ).

Да потсетиме, на прославата на роденденот на Милица, новинарите ја прашаа Павловиќ дали го слушнала новиот албум на својата постара колешка.

Јелена овој пат избра да биде многу таинствена, слушнав многу малку и онолку колку што ми дозволи. Не можев да се изборам за повеќе. Но она што ќе го слушнете на 13-ти август е апсолутно лудило на мозокот. Многу сум горда што имаме една Јелена Карлеруша – им изјави Милица на насобраните медиуми по тој повод.

Песната можете да ја слушнете во продолжение:

Фото: Printscreen Youtube

Видео: Youtube