Девиците се аналитички и лојални, а како земјен знак ја ценат практичноста. Под влијание на Меркур, склони се кон интелектуални занимања, како што се пишувањето и новинарството.
Тие се добри и во медицината и ветеринарната медицина. Перфекционизмот ги прави добри во работата.
Сепак, тоа може да биде недостаток во емотивниот живот, бидејќи постојано бараат маани.
Девиците се компатибилни со бик и јарец, но се согласуваат и со рибите, скорпијата и ракот. Овенот и близнаците не им се најјасни, иако често се емотивно врзани за нив.
Што се однесува до здравјето, нивниот нервен систем е осетлив, а имаат и проблеми со стомакот.
Поврзани објави
ШТО ИМ НОСИ ПЕРИОДОВ НА ДЕВИЦИТЕ?
Работа: сакате да блеснете пред колегите и претпоставените. Можно е и унапредување.
Љубов: доколку сте во врска или брак, обидете се да го импресионирате партнерот со внимание и грижа. Слободните ќе ѝ го привлечат вниманието на постара личност.
Здравје: стабилно, но внимавајте на стресот.
Текст: Хелена Цупаќ