Пејачката Јелена Карлеуша за Божиќ приреди спектакуларен настап, а она што ги изненади сите е фактот што на сцената и се придружи нејзината пријателка Ана Бекута!
Овие две диви беа многу блиски додека Јелена Карлеуша беше член на жирито на Ѕвездите на Гранд, но откако Јелена го напушти шоуто, нивниот однос како да се залади.
Познато е дека Ана Бекута секогаш е љубезна кон Јелена, а тоа делумно е и поради тоа што се дружела со нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша.
Во тоа време, двете пејачки често се посетуваа на деловни и приватни настани. Карлеуша беше покрај Бекута кога почина нејзиниот емотивен партнер Милутин Мркоњиќ, исто како што Ана беше покрај неа кога ја загуби мајка си Дивна.
Сепак, се се промени со заминувањето на Јелена од Ѕвездите на Гранд. Карлеуша во еден момент ги блокирала колегите од музичкиот натпревар.
Ана, Марија, Сања, Босанац, сите што ги блокирав сигурно згрешиле. Ги блокирам само оние кои ми прават зло или зборуваат лошо за мене. Никогаш без причина“, истакна Карлеуша пред три години.
Поврзани објави
На крајот на краиштата, тие настапија заедно и покажаа дека нивното пријателство е посилно од какви било несогласувања и препукувања на социјалните мрежи.
Да потсетиме, музичката дива Јелена Карлеуша сними спектакуларна божиќна програма пред Музејот на Југославија, во која, меѓу другото, ја изведе и познатата песна „Видовдан“.
Фото: printskrin Youtube/RTS Zabava и telegraf
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: