Телата на осуммина загинати во авионската несреќа на EMBRAER PLANE се пронајдени, објави Риа Новости. Според првичните податоци кои сѐ уште се непотврдени, меѓу починатите е и поранешниот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Приватниот авион Embraer Legacy со десет лица во него се урна во регионот Твер, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.
„Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните информации, сите во авионот загинале“, нагласија од одделот.
Се прецизира дека авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Падот се случил во близина на селото Куженкино. Спасувачите во моментов трагаат по остатоците од авионот и телата на загинатите.
Федералната агенција за воздушен транспорт објави дека презимето и името на шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се појавуваат на списокот на патници. Тие исто така нагласија дека покренале истрага за несреќата.