Во говорот во Романија, Орбан, рече дека се надева оти изборите за европскиот парламент следната година ќе ги зајакнат владите внатре во Унијата кои го отфрлаат „федерализмот“ којшто го претставуваат Германија и Франција.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, донесе закон во 2021 година со кој се забранува употреба на материјали за кои се смета дека промовираат хомосексуалност и промена на полот во училиштата, наведувајќи ја потребата да се заштитат децата од „ЛГБТК пропагандата“ и со тоа повторното го ескалираше спорот со ЕУ.
Тој, исто така, се судри со Брисел за други прашања, вклучувајќи го владеењето на правото и медиумските и судските реформи во Унгарија.