Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е реизборот на Доналд Трамп.
За време на интервјуто со поранешниот водител на Fox News, Такер Карлсон, Орбан ја пофали надворешната политика на Трамп и ја критикуваше администрацијата на Џо Бајден и нејзиниот пристап кон војната, пишува Еј-Би-Си Њуз.
Тој рече дека враќањето на Трамп на функцијата ќе биде единствениот излез од конфликтот и дека секоја сугестија за победа на Киев е лага. „Русите се далеку посилни, многу побројни од Украинците“, рече Орбан. „Повикајте го Трамп… Тоа е човекот кој може да го спаси западниот свет.“ За време на интервјуто Орбан рече и дека западните земји треба да склучат договор со Путин кој нема да вклучува враќање на Крим и членство на Украина во НАТО.
.