Орбан, исто така, посочи дека би сакал да ги подобри односите со Украина и да потпише широк договор за билатерална соработка.
Од своја страна, Зеленски на својот унгарски гостин му ја истакнал важноста на праведен мир во Украина.Украинскиот претседател на заедничката прес-конференција рече дека посетата на унгарскиот лидер ги илустрира заедничките европски приоритети и колку е важно да се постигне праведен мир во Украина и во цела Европа.Зеленски, исто така, побара од унгарскиот премиер Орбан, кој во минатото ја блокираше исплатата на помошта на Европската унија за Киев, да ја задржи европската воена помош за Украина.
-За сите нас во Европа, исто така е многу важно европската поддршка за Украина да остане на доволно ниво, вклучително и нашата заштита од рускиот терор, рече Зеленски на прес-конференцијата за време на посетата на Киев на унгарскиот премиер, познат по неговата блискост со Москва, чија земја вчера го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ.