84
НЕКА Е АРИЛИЈА! ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА ,,ВЕРВЕРИЧКА” ВО КИСЕЛА ВОДА!
На мое огромно задоволство, денес во населбата 11 Октомври Згради поставивме камен темелник на сосема нов објект, детска градинка ,,Верверичка” која за 6 месеци, колку што ќе траат градежните активности ќе може да прими над 110 дечиња и која се гради преку финансиско партнерство со Комерцијална банка АД Скопје.
Ова значи нова инвестиција во раниот детски развој, кој е клучен во формирањето на личноста на секој човек и нов стимулативен простор за најмладите каде ќе растат, учат и ќе се развиваат. Во новата градинка најмногу место ќе има за најмалите дечиња кои чекаат да бидат запишани во јасли, што за мене како градоначалник е убава вест, бидејќи е сигурен знак дека нашата општина расте.
Децата се нашиот највреден ресурс и инвестирањето во нив е најзначајниот влог што можеме да го направиме.
Убаво е да се има сојузници во оваа значајна мисија и затоа сакам да се заблагодарам на Комерцијална Банка АД Скопје, со која заеднички, преку финансиско партнерство го градиме овој нов објект.
Имено, за реализација на овој проект, Општина Кисела Вода обезбеди 8 милиони денари, а Комерцијална Банка учествува со значајни 6 милиони денари.
Заедничката посветеност кон заедницата и разбирањето за важноста на детското образование и развој, се заеднички благородни цели со кои ги обликуваме темелите на иднината на нашето општество.
Би сакал да истакнам дека ние, како општина сме исклучително посветени во оваа област, за што говорат сите преземени активности во овие две години.
Веднаш до нас се наоѓа објектот ,,Кокиче”, чиј капацитет неодамна беше проширен за 90 деца. Отворивме две нови детски градинки, во Усје и во Драчево.
Во моментот се одвива проект за проширување и реконструкција на дел од градинката ,,Пеперутка 1” во Драчево, каде 50-тина години не беа извршени речиси никакви реконструктивни зафати.
Обезбедени се и финансиски средства за изградба на уште една нова градинка во Расадник, а заедно со објектот ,,Верверичка”, кој денес го почнуваме силно верувам дека сме на вистинскиот пат да ја оствариме целта-да ги затвориме наследените листи на чекање од минатото на кои имаше преку 400 деца.
Уште еднаш сакам да се заблагодарам на Комерцијална Банка АД Скопје, на д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг, што со нас ја поделија визијата за подобра и поуспешна заедница.
Сакам да се заблагодарам и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski за безрезервната поддршка која ми ја дава целиот изминат период.
Секое дете заслужува право на предучилишно образование и наша обврска, но и силна желба е тоа да го овозможиме.
Влогот во најмладите е влог во иднината!