Почетна ЕкономијаОпштината никако не му помогна на населението по излевањето на Маркова река – МАКТЕЛ

Општината никако не му помогна на населението по излевањето на Маркова река – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Писмо кое пристигна во нашата редакција…
Здраво, Овде Горан од ДЕЛТА ЕЛЕКТРО, најпогодениот објект од поплавата на 01.04.2025 во Пинтија по излевање на Маркова река од “коритото” кое е се само не корито на една река, кое со децении не е исчистено. Би ве замолил малку да испитате што направи општината и како ни помогна на нас и другите зафатени објекти. НИКАКО. Со прст не мрдна. Не треба, сами се средуваме. Единствено нешто што треба да објавите е статија каде прво ќе ја повикате прво општината да го исчисти коритото од многу ѓубре особено после мостот накај Драчево, кој уште малку може да се сруши, но тоа е друг проблем, а потоа и да направи насип од страната на стопанските објекти да ги заштити од следно излевање.

Трпиме огромни штети од незаинтересираноста за овој проблем на одговорните во општината. А од друга страна вработуваме еден куп луѓе и од нас живеат многу фамилии. Негрижата за објектите во оваа индустриска зона ќе направи да голем број фирми се преселат, а веќе знам и голем број објекти што стојат празни односно никој не сака да рента тука, апропо значи ќе се намалат приходите во општината. Поздрав.