Пејачката за првпат јавно проговори откако се појавија информации дека нејзиниот партнер е оженет, но откри и низ што поминува по породувањето.
Пејачката Милица Тодоровиќ се огласи за првпат по медиумскиот скандал што ја потресе јавноста, откако беше објавено дека нејзиниот партнер, извесен Н. М., е оженет. Србија деновиве не престанува да зборува за оваа приказна, особено откако неговата сопруга јавно се пожали на тешкотиите со кои се соочува заедно со децата.
Иако доби бројни пораки за поддршка, Тодоровиќ одлучи да не навлегува во детали околу скандалот. Таа им се заблагодари на сите за убавите зборови и апелираше за разбирање и почит кон нејзината приватност во овој чувствителен период.
Ми се исполни најголемата животна желба – да се остварам во улогата на мајка и сум му благодарна на Бог за тоа. Ве молам, како и досега, да ме почитувате мене и моето семејство. Кога ќе дојде време, ќе зборуваме за сè“ – изјави пејачката.
Поврзани објави
Таа откри и дека поради огромниот стрес по породувањето се соочила со здравствен проблем. –
Од стресот што настана по целата приказна, го изгубив млекото. Во овој момент најважно ми е здравјето на моето дете“ – искрено призна Милица.
printskrin youtube – blic milica todorovic