Почетна ЕкономијаОд следната година туристите ќе мора да платат доколку им е потребно спасување со хеликоптер по искачување на планината Фуџи во Јапонија

Од следната година туристите ќе мора да платат доколку им е потребно спасување со хеликоптер по искачување на планината Фуџи во Јапонија

од nenad
1 минути читај за

„Од следната година туристите ќе мора да платат доколку им е потребно спасување со хеликоптер по искачување на планината Фуџи во Јапонија, надвор од сезоната“, соопштија локалните власти одговорни за северната страна на планината.

Со воведување на таксата, државата сака да ги заштити неискусните планинари од несакани инциденти. Според достапните информации, мерките се однесуваат на вонсезонскиот период, односно од почетокот на септември до јули следната година, во кој, оние кои ќе сакаат да се искачат на планината ќе може да го направат тоа со однапред подготвен план за искачување.

Одлуката е донесена со цел да се намали бројот на ризични искачувања и да се зголеми безбедноста на планинарите во тој период.

„Условите за искачување на Фуџи во вонсезонскиот период можат да бидат особено сурови, со ниски температури, силни ветрови и снежни и замрзнати делови на патеките. Недоволната опрема и искуство можат значително да го зголемат ризикот од несреќи и потреба од спасувачка интервенција“, предупредуваат властите.

Планината Фуџи висока 3.776 метри, е една од најпознатите туристички и природни знаменитости во Јапонија и секоја година ја посетуваат голем број планинари од земјата и од странство.

Официјалната сезона на искачување на планината Фуџи, највисоката планина во Јапонија, трае од јули до почетокот на септември, со околу 200.000 планинари кои се обидуваат да го освојат врвот секоја година. Качувањето надвор од тие месеци е строго забрането.
Извор: МИА