71
Утре на Економско-социјалниот совет ќе се донесе одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, изјави дека се очекува висината да биде зголемена, со предвидувања да достигне околу 20.000 денари. Измените на Законот за минимална плата воведоа нови критериуми, според кои минималната плата се усогласува со 50% од трошоците за живот и 50% со растот на просечната плата.