Почетна Убавина и здравјеОдбрани лица од регионот ќе дебатираат на тема „Родителството некогаш и денес“ – Убавина и здравје

Одбрани лица од регионот ќе дебатираат на тема „Родителството некогаш и денес“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Првата регионална конференција на Becutan е посветена на деликатните теми и предизвици со кои се соочуваат родителите и отвора можност за искрени разговори за сложеноста и убавината на најважната животна улога

Целта на првата регионална конференција на Becutan, на тема „Родителството некогаш и денес“, е да поттикне поддршка и разбирање за сите родители, посочувајќи дека не постои совршен модел и дека родителството е исполнето со љубов, одговорност, компромиси и учење од грешките.

На конференцијата ќе присуствуваат и дискутираат одбрани лица од регионот, меѓу кои ќе има педијатри, психолози, но и познати личности од јавноста, кои имаат големо медиумско влијание кај пошироката публика.

Еден од панелите кој е насловен „Тато е херој“, ќе вклучува дебата токму на оваа тема, со звучни имиња од регионот, меѓу кои: Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“, Петар Бенчина, актер, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“, и Сашко Коцев, актер.  Низ панелот ќе ги води уште еден познат татко,  Жарко Димитриоски, во улога на модератор.

 

 

Помеѓу многуте теми на кои ќе се зборува, ќе се обрне повеќе внимание на тоа како се менувал пристапот на родителството низ децениите, што е многу честа тема на разговор и во нашето секојдневие, кога правиме споредби меѓу времето кога растевме ние и нашите деца денес.


Поврзани објави

Но, тема на дискусија ќе биде и дали постои совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитување и дали сепак истата, не сакајќи, може да премине во разгаленост.

Сведоци сме на многу различни мислења во секојдневието, почнувајќи од најблиските членови на семејството кои секогаш упатуваат совети за правилно родителство, но и од стручните лица, наставниците, а дури и од инфлуенсерите – па, на чие мислење треба родителите да се потпрат за да не погрешат?

Факт е дека многу родители денес се збунети заради олеснетиот пристап до секакви информации, па се во дилема што е правилно, дали грешат и дали воопшто постои еден универзален правилен начин на одгледување на децата.

 

Но, уште нешто што е многу важно е дека мајките не се единствениот родител, а улогата на татковците е исто така многу важна во семејството и растењето на децата, па и самите тие поминуават низ емотивна трансформација во осознавањето на својата улога, иако некогаш средината можеби е неправедна валоразирајќи ја повеќе улогата на мајката.

 

Панелот посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето на децата,  јавноста ќе може да го следи во живо со вклучување на Инстаграм-профилот на „Бекутан“ https://www.instagram.com/becutan_mk/?hl=en на 12 ноември
2024 година од 15:00 часот и да дознае сѐ за улогата на татковците од личното искуство на
Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина и на Сашко Коцев.