Почетна ЕкономијаОдбележување 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во село Подвис

Одбележување 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во село Подвис

од nenad
1 минути читај за

22/09/2023
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО

  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во заедничка организација со Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи денеска ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит по повод 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во училиштето во село Подвис.

На чествувањето свои обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и Наум Бурески, потпретседател на Главниот одбор на СБМ.

Со пригодна програма, како што информираат од Институтот, ќе настапат учениците од локалното училиште. дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА