Почетна Убавина и здравјеОгњен Амиџиќ синоќа ја прекина емисијата точно на полноќ поради сопругата Мина!

Огњен Амиџиќ синоќа ја прекина емисијата точно на полноќ поради сопругата Мина!

од nenad
1 минути читај за



Српскиот водител Огњен Амиџиќ ненадејно ја прекина синоќешната емисија „Амиџи шоу“ поради роденденот на својата сопруга Мина.

Кога часовникот покажал полноќ, Огњен им се обратил на сите присутни гости и открил дека ја прекинува емисијата.

Ќе ве замолам за секунда внимание. На мојата сопруга ѝ е роденден и сакам да ѝ честитам со една песна – рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.

Мирза ќе ја испее, песната се вика „Мина“ – додал водителот, а Селимовиќ се фатил за микрофонот.

Сите присутни очигледно уживале во музиката, а по завршувањето на песната Амиџиќ ја продолжил емисијата.

Ти благодарам, навистина прекрасно испеа – заклучил Огњен смеејќи се.

Да потсетиме, Мина и Огњен неодамна добија син на кој му го дадоа името Перун, а гордата мајка често објавува фотографии од Перун и нивното прекрасно семејство и истакнува дека малиот Перун е ист како татко му Огњен.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин @callmenaumi https://www.instagram.com/callmenaumi/