11
Огромното мнозинство Руси, или 79,9 проценти од нив, му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин, според резултатите од најновото истражување спроведено од аналитичкиот центар ВЦИОМ. Според истражувањето, 15,7 проценти од испитаниците изразиле недоверба кон рускиот претседател, објави РИА Новости. Исто така, 77,3 проценти од испитаниците го одобруваат работењето на Путин како претседател, додека 14,1 процент не го одобруваат.