Почетна ЕкономијаОгромна потрошувачка на вода: неконтролирано полевање бавчи и ниви, перење возила и полнење базени

Огромна потрошувачка на вода: неконтролирано полевање бавчи и ниви, перење возила и полнење базени

од nenad
1 минути читај за

Исклучително е порасната употребата на вода, посебно во доцните попладневни часови.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска извести дека неконтролирано се наводнуваат градини и обработливи површини, се мијат возила и се надополнуваат базени.

Претпријатието упатува молба до граѓаните одговорно и економично да ја користат водата, а доколку забележат нелегален приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk. “Конкретно, на 23 јуни 2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356 000 метри кубни, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.”

Оваа потрошувачка е генерирана од нерегулирано трошење на водата за наводнување на зелени површини, градини и ниви, за миење автомобили, за полнење базени.

“Апелираме до сите граѓани на Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk.”

ЈП „Водовод и канализација“ потенцира дека “со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје”.