Јелена Карлеуша предизвика големо внимание во јавноста со албумот „Алфа“. Меѓутоа, вториот дел од албумот насловен „Омега“ собра уште повеќе симпатии кај нејзината публика. Од сите песни кои имаат неверојатен ритам и мелодија, сепак најслушана е песната „Романе“. Па да се потсетиме како е создадена…
На сите особено им се допадна песната „Романе“. Сепак, на многумина не им беше јасно на кого поп-дивата Јелена Карлеуша му ја посветила, но тоа го откри и Љиљана Јорговановиќ, авторката на споменатата нумера.
Како што истакнува познатата авторка, таа не му е посветена на никој друг туку на Роман Абрамович, познатиот руски милијардер.
Поврзани објави
Роман Абрамович ми беше инспирација за текстот. Синоним за милионер, а неговото име беше прекрасно отпеано. Текстот е напишан пред украинската војна, а пораката на песната е слатка и симпатична. Имаше повеќе стихови отколку што се отпеани. Да речеме: „Катарина владееше, сега владее Шајк Ирина“ или „Романе, скокни во авионот, па оди кај Путин во Сочи“ – открила Љиљана Јорговановиќ за српски „Курир“.
Фото: Prinstcreen Youtube