Почетна МакедонијаОвие симптоми на деменција рано се појавуваат, препознајте ги навреме ако сакате подолго да живеете

Овие симптоми на деменција рано се појавуваат, препознајте ги навреме ако сакате подолго да живеете

од nenad
2 минути читај за

Луѓето кои страдаат од деменција имаат тешкотии со меморијата и со лошото расудување на животните ситуации. Раната дијагноза на деменцијата може да доведе и до подобро лекување на болеста, предупредуваат лекарите, па затоа е исклучително важно навреме да се забележат и препознаат симптомите.„Се проценува дека околу 55 милиони луѓе ширум светот во моментот страдаат од Алцхајмерова болест и од другите причини за деменција, а се проценува дека до 2030 година овој број ќе се зголеми на 78 милиони, а до 2050 година на 139 милиони луѓе“, вели Ендрју Бадсон, ендокринолог.Експертите предупредуваат на првите симптоми кои можат да откријат дека е време за посета на лекар.

Не можете да учествувате во нормален разговор ниту се снаоѓате во времето и просторот.Доктор Јакоб Хаскаловичи, експерт за когнитивно здравје, истакнува дека во тие моменти личноста често ќе бара начини да се оправда, но ако забележите дека често ви се случуваат такви ситуации, дека не можете да се сетите на вообичаени фрази или ви недостасува концентрација, можеби станува збор за симптом на деменција.Доктор Томи Мичел, експерт за проблематиката на деменцијата, наведува дека станува збор за вообичеана когнитивна болест на старите луѓе, а симптомите можат да бидат тивки и лесно да не ги препознаат пријателите и семејството. Но, еден од првите сигнали на деменција е неможноста да се следи датумот и времето, но и проблемите со учеството во комуникацијата. Ако ги забележите овие промени во однесувањето, посетете лекар.

Се губите на познати места и не можете да ги завршите рутинските задачи.Според д-р Хаскаловичи, деменцијата може да влијае на навигациските способности, што значи дека може да се изгубите на места што многу добро ги познавате, како што се црква, локална продавница или куќа на некој пријател. Многумина ќе одмавнуваат со раката на овој проблем, но важно е да се запамети дека ова се првите симптоми на деменција, кои, ако се забележат навреме, може и да се забават па на тој начин и развојот на самата болест.Деменцијата може да влијае и на краткорочната меморија кога станува збор за решавање на секојдневните проблеми, па ако забележите дека некој од членовите на семејството има такви проблеми, советувајте го да се обрати кај лекар за да се процени состојбата.

Забележувате промени во расположението, анксиозни сте, депресивни или апатични.Доктор Мичел вели дека промените се вообичаени како што старееме, но тие можат да бидат и симптом на деменција. Ако забележите промени во расположението и се појавува депресија или анксиозност, тоа може да биде деменција.Еден од првите симптоми на деменција се појавува во форма на тешкотии во планирањето, завршувањето познати задачи и бараат лекарски преглед за да се забави прогресијата на симптомите, што ќе ви овозможи да живеете поквалитетен живот. Апатијата е состојба на незаинтересираност, а може да се прочита според нечие однесување, а кај постарите лица и таа може да биде сигнал за деменција.Секоја од горенаведените промени бара лекарски преглед, бидејќи и во овој случај раната дијагноза е клучот за подолг и поисполнет живот.