Уште едно моден парче доживува големо враќање – прашањето е дали и вие ќе ги носите овие панталони сега?
Дури и да не ви се допаѓаат, имајте на ум дека се неверојатно удобни. Модните трендови доаѓаат и си одат, а според модните експерти, токму овие панталони моментално се вистински хит и се главен моден акцент кај љубителките на стилот.
Доколку им веруваме на модните стручњаци на страницата WhoWhatWear, деновиве најбарани се т.н. шалвари, односно димиите. За овој стилски феномен постојат уште многу имиња, но сите го опишуваат истиот модел – панталони со исклучително широки и лесни ногавици, стеснети во долниот дел.
Станува збор за екстремно удобен модел, кој може да изгледа мошне шик, а деновиве е преплавен на социјалните мрежи.
Сепак, нивното враќање најпрво се случи на модните писти, кога се појавија во колекцијата за пролет/лето 2025 на модната куќа Alaïa. Подоцна, свои верзии на шалвари претставија и други модни имиња, меѓу кои Chloé и Loewe.
Поврзани објави
На модните писти се видоа модели од свила, тантела, па дури и од кожа.
Неколку месеци подоцна, овие панталони сè почесто се гледаат и на градските улици, како и на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм