Стрелецот и Лавот знаат како да дојдат до пари, но и уште побрзо да ги потрошат – а еве зошто е тоа така.
Хороскопот често знае да открие многу за навиките и карактерот на луѓето, а кога станува збор за пари, два знака секогаш се издвојуваат. Станува збор за Стрелецот и Лавот, кои важат за најголеми заработувачи, но и трошаџии во зодијакот.
Стрелецот е полн со ентузијазам, авантуристички дух и силна желба да постигне успех. Лесно наоѓа нови извори на приходи и ретко се плаши да ризикува. Сепак, токму поради тој темперамент, заработеното знае брзо да го потроши на патувања, уживање и искуства што му носат адреналин.
Поврзани објави
Лавот, од друга страна, не само што знае да заработи, туку и сака да покаже колку вреди. Неговата дарежливост и потреба за раскош често го тераат да вложува големи суми во својот изглед, статус и луѓето околу себе. Иако пари никогаш не му недостигаат, Лавот има навика да живее луксузно и без ограничувања.
Токму затоа овие два знака се сметаат за симбол на финансиска моќ и раскош, но и како пример дека парите доаѓаат и си одат со иста леснотија.
printskrin youtube – clintees cd