Почетна МакедонијаОва се македонските херои кои го спасија малиот Сулејман од урнатините

Ова се македонските херои кои го спасија малиот Сулејман од урнатините

од nenad
0 минути читај за

Малиот Сулејман вчера беше извлечен од македонските војници во градот Кахраманмараш, кој претрпе големи штети по разорните земјотреси што неделава ја погодија Турција.

Видеото од спасувањето прво го објави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која посочи дека се гордее со припадниците на АРМ.

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и Сирија, десетици илјади од нив се повредени, а властите очекуваат овие бројки да продолжат да растат во наредните денови.

Светската здравствена организација проценува дека 23 милиони луѓе се „потенцијално загрозени“.

Инспирирано од: infomax.mk