Лавината од критики следуваше откако го видоа нејзиниот стајлинг.
Доналд Трамп ја почна церемонијата на својата историска втора инаугурација со сопругата Меланија, синот Барон и семејството, присуствувајќи на црковна служба неколку часа пред да положи заклетва, а потоа се упати кон Белата куќа.
Меѓутоа, за време на инаугурацијата на Доналд, големо внимание кај присутните, а и кај медиумите, привлече длабокото деколте на Лорен Санчез, свршеницата на еден од најбогатите луѓе и основач на Amazon, Џеф Безос.
Имено, откако го соблече палтото, под свечениот бел костум се појави бел градник, а многумина на социјалните мрежи оваа ситуација ја искоментираа дека се изненадени што Санчез воопшто облекла долна облека, но некои коментираат дека инаугурацијата „не е ноќен клуб“.
„Боже мој, Лорен, покриј ги барем еден ден“, гласи еден коментар.
Поврзани објави
„Лорен Санчез носи градник?, зачудено додаде друг.
„Зошто секогаш се облекува како „кралицата на ноќта“? За волја на Бога, облечи се пристојно“, заклучи трет.
Што мислите вие за нејзиниот стајлинг?
Фото: Youtube printscreen/PageSix