Познато е дека фудбалерот Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ веќе долго време уживаат во љубовта, а сега исплива уште еден доказ колку тој ја сака сопругата.
На Немања покрај фудбалот, голема страст му се и тетоважите, па така неговите цртежи на телото не можат да се пребројат, но еден од нив се издвојува бидејќи е посветен на Анатасија.
На телото на фудбалерот се наоѓаат три крста, Мики Маус, членови на неговото семејство, разни спортски мотиви, дури и името на неговиот шофер и уште многу други симболи кои за Немања се од големо значење.
Поврзани објави
Некои тетоважи настанале додека тој играше во Холандија, некои во Шпанија, а една од нив од неодамна е посветена на Анастасија.
Имено, успешниот фудбалер и пејачката ова лето тајно се венчаа и го изговорија судбносното „да“, а под неговото лево уво, тој го истетовирал знакот за бесконечност, а во него се иницијалите „Н“ и „А“.