Цеца Ражнатовиќ изгледа најдобро досега, а на нејзината фигура би ѝ позавиделе дупло помлади девојки од неа. Ниту еден грам плус, сѐ е затегнато и на свое место.
За ова, секако, е заслужна правилната исхрана, но доколку Цеца не ги решеше здравствените проблеми кои ја мачеа, гладувањето ќе ѝ беше бадијала.
Имено, таа долго време се бореше со болеста поради која отекуваше, па изгледаше како да качила некој килограм.
Што ѝ се случи, призна и самата…
Изгледав како многу да сум се здебелила. Кога се погрижив за тој здравствен проблем, телото ми се врати и сите ми велеа дека сум преполовена. Имам некаков дисбаланс на женските хормони, ништо страшно. Моето тело сигнализираше дека нешто не е во ред. Кога ги забележав симптомите, веднаш се консултирав со лекар. Регулирав сѐ и веќе не отекував. Тој оток ми беше најголемиот проблем – рекла тогаш Цеца, а астрологот Душан Величковиќ ѝ открил на Цеца дека причина за тој дисбаланс е потиснувањето на емоциите.
Ја предупредил и да внимава на тироидната жлезда и на бубрезите, бидејќи тоа се органите кои се оптоваруваат кога се плашиме од нешто.
Цеца конечно е мирна и задоволна, синот Вељко ѝ е среќно оженет, а Анастасија е многу заљубена во познатиот фудбалер, настапува многу, па нема страв дека проблемите ќе се вратат.