Јелена Карлеуша проговори за инцидентот со поранешниот сопруг и откри како целата ситуација влијаела врз нејзините ќерки
Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша јавно се огласи по скандалот во кој нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ наводно упаднал во дуплексот каде што таа живее со нивните ќерки и ги сменил бравите. По серијата медиумски написи, Тошиќ на крајот ги вратил клучевите од станот, а ситуацијата била смирена.
Карлеуша откри дека и куќните помошнички на работа. Таа нагласи дека не ѝ е јасно зошто Тошиќ го направил тоа и дека наместо одмор, се вратила уште поуморна. Според неа, целата драма кулминирала со „нова брава“, но последиците не биле безначајни.
Најмногу, како што истакна пејачката, настрадале децата. Таа откри дека ќерките биле вознемирени, им било непријатно и дека целата ситуација за нив претставувала голем психолошки стрес. Карлеуша порача дека за сите прашања поврзани со постапките на Тошиќ, јавноста треба да се обрати директно до него или до неговиот адвокат.
Поврзани објави
На прашањето дали ќе поднесе тужба, Јелена изјави дека засега тоа не го направила и дека била приморана само да повика полиција поради насилно обивање на бравите. На крајот, низ смеа порача дека доколку се врати во станот, сигурно нема да го затекне Тошиќ таму.
Printscreen/Youtube – novo jutro – karleusa