Почетна Убавина и здравјеОва е наследникот на манекенката и пејачот – Убавина и здравје

Ова е наследникот на манекенката и пејачот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Толку сум горда на тебе, Хенри“, напишала 51-годишната супермоделка Хајди Клум на Инстаграм и споделила видео од својот син како самоуверено чекори на модната писта

Синот на Хајди Клум со стил зачекори во светот на високата мода. Деветнаесетгодишниот син на славната манекенка и пејачот Сил, Хенри Семјуел, дебитирал на пистата на Модната недела во Париз 2025. За да биде моментот уште позначаен, на Хенри му припаднала честа да ја отвори ревијата, што е посакувана позиција во светот на моделството. Неговиот од и изгледот ја воодушевиле јавноста.

„Толку сум горда на тебе, Хенри“, напишала 51-годишната супермоделка на Инстаграм и споделила видео од нејзиниот син како самоуверено чекори на пистата.

Хајди Клум, која го дели Хенри со поранешниот сопруг Сил, не можела да ја сокрие својата возбуда. Таа на story на Инстаграм споделила уште видеа од настанот, додавајќи:

„Ова беше толку неочекувано. Многу беше добар.“

Ова е првата модна ревија на Хенри, но тој веќе добро ги познава техниките на пистата.

Во едно интервју зад сцената за германскиот „Вог“, Хенри споделил малку мудрост за одењето на пистата:


Поврзани објави

„Кога станува збор за одењето на писта, претпоставувам дека важно е да не сум како желка и да имам подигнато држење и исправен грб. И се радувам“, рекол тој.

Неговото држење и природниот талент му ветуваат просперитетна манекенска кариера.

Додека дебитантското дефиле на Хенри предизвикало бура на Интернет, многу луѓе го забележале истото – тој добил на генетска лотарија!

„Вау, тој е еден прекрасен човек!“, коментирал еден.

„Многу згоден младич“, додал друг.

Од друга страна, ќерката на поранешните сопружници, Лени, исто така, ги следи стапките на својата мајка и често можеме да ги видиме заедно на фотографии.

ФОТО: Инстаграм