Почетна ТехнологијаОБСЕ ДОНИРАШЕ НА МВР ВОЗИЛА ВО ВРЕДНОСТ ОД 50 000 ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ

ОБСЕ ДОНИРАШЕ НА МВР ВОЗИЛА ВО ВРЕДНОСТ ОД 50 000 ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ

од nenad
1 минути читај за
Денеска остварив средба со Шефот на OSCE Mission to Skopje, амбасадорот Килиан Вал, при што во кругот на МВР беше предадена вредна донација од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која се реализира во рамки на проектот „Помош на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО)”.

Ризикот од пролиферација на оружјето во современиот свет каде што организираниот криминал ги има надминато националните граници преставува еден од најголемите безбедносни предизвици, не само за нашата држава на локално ниво, туку овој проблем преставува сериозен глобален предизвик во напорите за зачувување и зголемување на светската безбедност.

И токму затоа, денешната донација на возила во вредност од 50 илјади евра, наменети за Секторот за оружје е само уште еден сегмент од овој значаен проект за нас и истата ќе биде од огромна важност за функционирањето и подобрувањето на условите и капацитетите и зацврстување на системот на безбедност на национално ниво, справувајќи се со ризиците од пролиферација на оружјето, посебно преку воспоставување на одржливи механизми за уништување и деактивирање на малото и лесно оружје.