Table of Contents
Доматот содржи многу витамини и минерали што му се неопходни на нашето тело, но само ако е природно одгледуван
Сè почесто слушаме коментари дека доматот нема ист вкус како порано, дека е пластичен и дека на некои луѓе воопшто не им годи кога ќе го изедат. Постои многу лесен начин да утврдите дали е прскан и дали има многу пестициди во него. Добро погледнете ја неговата внатрешност.
Пресечете го и внимателно погледнете го – обично доматот со токсини има жолтеникави линии, со жолт дел во средината.
Во Франција овој зеленчук се нарекува „јаболко на љубовта“, додека во Италија е познат како pomo d’oro – златно јаболко, бидејќи првите видови домат биле со жолта боја.
Извор на витамини
Доматот содржи огромна количина на витамини, минерали и други хранливи материи.
Богат е со витамините А, Ц, К, Б6, како и со фолна киселина и калиум. Освен тоа, содржи натриум, тиамин, нијацин, магнезиум, фосфор и бакар.
Извор е на хранливи влакна и вода. Една шолја свеж домат ќе ве обезбеди со:
Поврзани објави
- 57,3% од препорачаната дневна доза на витамин Ц
- 22,4% витамин А
- 7,9 % влакна
- 7% витамин Б6
Убава кожа
Бетакаротенот во доматот ја штити кожата од штетните УВ-зраци. Од друга страна, ликопенот со кого изобилува доматот дејствува како природно средство за заштита од сонце. Кожата со висока доза на ликопен станува помека, а брчките се измазнуваат. Покрај тоа, штити од рак на кожа, благодарение на своите антиоксидативни својства.
Го регулира шеќерот
Уште една здравствена придобивка на доматот е тоа што помага во регулацијата на нивоата на шеќер во крвта. Тој е одличен извор на хром и влакна, кои го одржуваат нормалното ниво на шеќер во крвта. Секако, тоа не значи дека слободно може да јадете слатко ако сте го вклучиле доматот во вашата секојдневна исхрана. Запомнете, важен е балансот.
Одличен е за слабеење
Јадењата на база на домат ќе ви помогнат да ги симнете вишокот килограми. Водата и влакната го прават доматот одлична ужина. Ќе ве засити и нема да прибегнувате кон консумирање масна храна.