Почетна МакедонијаОбилен снег ја парализираше Северна Европа

Обилен снег ја парализираше Северна Европа

од nenad
1 минути читај за




Неколку германски аеродроми денеска одложија летови поради снежни врнежи и замрзнат дожд. Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром, беа откажани 120 полетувања и слетувања од планираните 1090 за денеска. Лошата видливост дополнително го отежнува воздушниот сообраќај. Во Минхен синоќа, од претпазливост, беа откажани 35 летови од вкупно 750 планирани. Во Англија и Велс, во текот на ноќта меѓу сабота и недела, паднаа неколку сантиметри снег, а во западен Јоркшир (северна Англија) утрово снежната покривка изнесуваше 12 сантиметри. Во некои региони над 300 метри надморска височина беа измерени и до 40 сантиметри снег.

Аеродромот Манчестер утрово повторно ги отвори своите писти, но доцнењата продолжуваат поради одмрзнување на авионите и чистење на пистите. Слична ситуација е и во Ливерпул. Во аеродромот Схипхол во Амстердам, беа откажани 68 летови, а повеќе од 200 беа одложени. Во Норвешка се предвидуваат обилни снежни врнежи на југоистокот, додека во Шведска е издаден портокалов и жолт аларм поради студеното време, а возовите на северот на земјата беа откажани.