Почетна МакедонијаОбвинетите за убиството на Вања и Панче седнаа на обвинителна клупа, меѓу нив го немаше Палевски

Обвинетите за убиството на Вања и Панче седнаа на обвинителна клупа, меѓу нив го немаше Палевски

од nenad
1 минути читај за

Kривичниот суд се уште не ги споил двете обвиненија во еден предмет, бидејќи пред само еден ден беше дадено позитивно мислење за второто обвинение со кое Палески е првообвинет за грозоморните грабнувања и убиства.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.