Почетна МакедонијаНe се ни дискутира Алијанса да биде дел од влада која нема да постави рок за уставните измени – порачува Села

Нe се ни дискутира Алијанса да биде дел од влада која нема да постави рок за уставните измени – порачува Села

од nenad
2 минути читај за

„Без да има потреба да се потпишат изјави и такви работи, немам информации за иницијатива за потпишување декларација, тоа треба да биде основно и главно правило на секој политички субјект кој излегува пред граѓаните и ја истакнува Европската Унија. Јас сум зборувал во врска со овие теми и со нашите пратеници кога отвораме политички дебати, но и во настапите што сме ги имале – многу е некоректно сите политички субјекти во нивната политичка програма да зборуваат цело време за ЕУ, а од друга страна, кога сме веќе многу блиску до Европската Унија да не преземат одговорност за она што е потребно, да донесат компромис и да гласаат за потребните уставни измени за да се доближиме до ЕУ“,вели пратеникот и прв човек на партиското Централно собрание.

   

Според Села, „за луѓето што точно и јасно го сфаќаат тоа и кои немаат за цел да манипулираат со јавноста, како што прави ВМРО-ДПМНЕ, француско-германскиот предлог кој помина во Собранието и вметнувањето на Бугарите во преамбулата не е веќе билатерален спор помеѓу Македонија и Бугарија, туку билатерален спор помеѓу Македонија и ЕУ“. Тој смета дека граѓаните треба да му свртат грб на секој политички субјект кој доаѓа им вели – да ни ги дадете гласовите бидејќи ние ќе ги оневозможиме уставните измени. Гласот, според Села, треба да им се даде на оние што имаат вистинска ориентација кон ЕУ.

Прашан дали тој лично и Алијанса имаат контакти со ВМРО-ДПМНЕ, Села одговара:„Јас лично немам никаков контакт со нив. Имаме секојдневни контакти во парламентот кога се поздравуваме со колегите, од култура. Освен вакво нешто, друг контакт не сум имал. Не верувам дека и партијата, барем од информациите што ги поседувам, има контакти во врска со процесите и она што се очекува да се случува во иднина. Се додека не е известено за вакви нешта, не можам да верувам дека има контакти“.