Богатата наследничка очигледно има одреден шаблон кога станува збор за врските
Бруклин Бекам објави тирада од 8 пасуси за тоа како родителите го контролираат, а потоа заврши со „сè што сакам е приватност“. Но една од сестрите Хадид, чиј брат порано бил во врска со Никола, смета дека тоа е вистинска иронија.
Имено, Алана Хадид се вклучила во коментарите и го кажала тоа што сите го мислеле:
„Таа девојка не сака приватност, туку се обидува да стане позната веќе цела деценија.“
Поврзани објави
Еве на што се мисли: Анвар Хадид бил во врска со Никола од 2016 до 2018 година (тој имал 17, а таа 22 години). Токму во тој период, наводно, го прекинал контактот со целото семејство. Откако раскинале, Никол престанала да го следи целото семејство Хадид на Инстаграм, вклучувајќи ги Џиџи и Бела.
Обожавателите забележале дека за време на врската не бил толку близок со семејството, а мајка му Јоланда, наводно, била вознемирена поради разликата во годините.
Денес, Бруклин Бекам го прави потполно истото. Обелодени сè за своите токсични родители и сега се дистанцира од нив, што никако не беше случајот додека не беше во брак со Никола.
Според коментарите на Интернет, шаблонот на Никола е следниот: зближи се со познат маж – изолирај го од семејството – направи му драма со родителите – повтори го истото!
ФОТО: Инстаграм