Почетна ТехнологијаНосорог уби еден чувар и уште еден повреди во зоолошка во Салцбург

Носорог уби еден чувар и уште еден повреди во зоолошка во Салцбург

од nenad
1 минути читај за




Носорог/ Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia
Чувар во Зоолошката во Австрија почина, а уште една вработена е сериозно повредена откако беа нападнати од носорог, објави полицијата во Салцбург, пишува CNN.
Носорогот нападнал 33-годишна жена која работела како чувар на животни, додека таа ја работела својата рутинска работа наутро, во заградата на животното во зоолошката градина во Салцбург , се вели во соопштението за медиумите. Жената, која е искусен зоолошки работник, починала на лице место на несреќата, додаде полицијата.

   

Друг чувар, 34-годишен Австриец кој исто така беше нападнат од носорогот, додека тој се обидуваше да го исплаши животното, се вели во соопштението за медиумите. Тој бил сериозно повреден и однесен во Салцбуршката универзитетска болница, каде што итно бил опериран.„Ние сме апсолутно шокирани и сé уште не знаеме како се случило ова”, рече портпаролката на зоолошката градина Улрике Улман за CNN.

Според информациите на веб-сајтот на зоолошката градина, во неа живеат 150 видови на животни односно е живеалиште на 1.500 животни, вклучувајќи и бели носорози. Две женки, Јети и Тамика, и двајца мажјаци, Таму и Атос.Белите носорози се вториот по големина копнен цицач и тие можат да тежат помеѓу 3.080 и 7.920 килограми. Со помалку од 16.000 бели носорози, нивниот статус е речиси загрозен.