Почетна БалканНОВИ ТВРДЕЊА ДЕКА ПРИГОЖИН Е ЖИВ: „Жената со тажно лице“ од погребот на Пригожин не е неговата сопруга, туку жената на двојникот

НОВИ ТВРДЕЊА ДЕКА ПРИГОЖИН Е ЖИВ: „Жената со тажно лице“ од погребот на Пригожин не е неговата сопруга, туку жената на двојникот

од nenad
1 минути читај за
t

Руските медиуми тврдат дека „жената со тажен изглед“ која беше на погребот на Евгениј Пригожин не е неговата повлечена сопруга Љубов (52), туку жената на неговиот двојник Ирина Красавина.Тоа според руските медиуми говори дека во авионската нереќа не загинал основачот и шеф на Вагнер.

Ова е дел од тврдењата дека водачот на Вагнер е уште жив кои се појавија деновиве во повеќе светски медиуми.

„Дејли мејл“ дури пишува дека постојат сомнежи оти погребот и официјалните изјави за смртта на Пригожин се всушност само дел од разработена измама, а како еден од аргументите наведуваат дека само мал број луѓе присуствувале на погребот со силно обезбедување.

Каналот „База телеграм“, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави сторија за сопругата на двојникот.

Според Проект, независна руска новинска куќа, Леонид Красавин е барем еден од познатите двојници на Пригожин.

Погребот на Пригожин кој загина во авионска несреќа, се одржа во кругот на семејството и пријателите на гробиштата во предградието на неговиот роден град Св. Петербург.

Официјална Москва потврди дека Пригожин навистина загинал во несреќата, но се шпекулира дека тој е жив.