Квалитетот секогаш трае…
Велат дека еден човек кога ќе одлучи да прави промена тргнува од косата. Воден од своето професионално искуство и желбата да се биде секогаш во тек со актуелните модни трендови берберот Хусеин Хуска или ако милувате Попај го реновираше и прошири салонот во ТЦ „Беверли Хилс“.
Со осум столчиња за потстрижување и пет за миење коса Попај е убеден дека новиот салон ќе обезбеди поквалитетна и подобра услуга за секој оној кој намерно или случајно навратил кај нив. Долгогодишното искуство, следењето на светските техники за потстрижување и негување на коса Попај секојдневно го освојува Скопје. Бидејќи добриот глас далеку се слуша, во берберскиот салон Попај доаѓаат и муштерии надвор од градот под Водно.
Поврзани објави
Но успешната приказна не завршува тука, напротив продолжува во Порта Влае каде е лоциран и вториот салон. Покрај класични и модерни фризури, миење и третмани на коса, како и традиционално бричење во новиот салон се применуваат и нови услуги со најсовремена опрема.