81
Во сегашните услови турскиот парламент не може да го ратификува протоколот за членство на Шведска и Финска во НАТО, тоа е невозможно, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
„Министерот за надворешни работи на шведската влада дојде да не посети. Беше во парламентот, се сретна со партиски претставници. Слушна дека сите партии го најавуваат истото, дека без исполнување на обврските кон нас не е можна ратификација. Затоа во сегашните услови нема потреба да се зборува за одобрување на тој документ“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сјарт.