Почетна Убавина и здравјеНикој не очекуваше дека токму ова го прави по настап – Убавина и здравје

Никој не очекуваше дека токму ова го прави по настап – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Музичарот откри што прво прави кога ќе заврши настапот и зошто семејството му е најважно.

За многумина музичарскиот живот значи сцена, аплаузи и дружења до доцна, но Драган Николовски-Даце откри дека неговата омилена рутина по настапите е многу поедноставна.

Кога ќе завршат музиката и обврските, најмногу сака да си дојде дома. Ако децата се уште будни, прво ги гушка, а потоа седнува со сопругата на разговор.

Да дојдам дома од настап, ако се сè уште будни децата, да си ги гушнам и да си поседам со сопругата на малку муабет“, открива Даце, кој со сопругата е во брак веќе 17 години.


Поврзани објави

Тој е татко на два сина, на 15 и 12 години, кои исто така се занимаваат со музика. Постариот свири фагот во „Илија Николовски-Луј“, а помладиот свири виолина.

Даце вели дека семејната поддршка е особено важна за професија која е јавна и носи многу обврски. Покрај музиката, најмногу го исполнуваат заедничките ручеци, патувањата и времето поминато со сопругата и децата.

Иако со години е на сцената и е дел од „Академци“, неговиот одговор покажува дека по настапот најмногу му значи едно нешто – да се врати дома кај своите најблиски.

printskrin youtube