Нашата држава ќе биде меѓу првите земји во кои ќе се имплементира технологија на „Старлинк“. Третиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“, со што ќе биде многу поконкурентен во однос на услугата, нагласи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешната објава на неговата Фејсбук-страница.
– Надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите држави каде што „Старлинк“ ќе се користи директно. Од она што имам како информација – многу, многу поевтини ќе се од двата постојни оператори – истакна Николоски.
Согласно договорот за концесија, тие требало до месец март да покријат најмалце еден град во државата, а до крајот на годината – да оперираат во цела држава.
– Тие го одбраа градот Скопје – соопшти вицепремиерот и министер за транспорт. бд/аа/
Фото: Фејсбук-страница на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски
Извор: МИА