Има огромна потреба од кадровско пополнување и зајакнување на инспекциските служби при државните институции, бидејќи одредени инспекторати располагаат со само десетина инспектори за дејствување на целата територија на државата.
Ова го нагласи заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во неговото вчерашно учество во Дневникот на ТВ Сител.
“Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава”, рече Николоски.