Почетна Убавина и здравје„Не сум била толку слаба од средно!“ – Убавина и здравје

„Не сум била толку слаба од средно!“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Не сум била толку слаба од деновите кога бев во колеџ“, објасни оскаровката Кети Бејтс која ослабна 45 килограми за шест години.

Бејтс (76) се појави на доделувањето на Еми наградите и сите беа вчудовидени од нејзината одлична линија.

 

Глумицата, која до неодамна беше позната по својата заоблена фигура но и по извонредниот глумечки талент, откри дека поттик за слабеењето ѝ била улогата на Медлин Метлок во телевизиската серија Метлок. А открива и дека сега, со оваа телесна тежина, има огромна енергија.

 

Иако зад себе има шестдецениска кариера, и добитничка е на бројни престижни награди, Кети Бејтс одлучи да се повлече од глумата.

Информацијата за давање „отказ“ на филмската индустрија односно за пензионирањето на Бејтс, доаѓа само две недели пред да глуми во претстојната CBS-ова серија „Меткол“.

„Ова е моето последно танго“ – рече глумицата за Њујорк тајмс.

 

 

Фото: Инстаграм Принтскрин @_kathybates https://www.instagram.com/_kathybates/?hl=en