Почетна ВестиНе стивнуваат пожарите на Тенерифе – околу 26 илјади евакуирани

Не стивнуваат пожарите на Тенерифе – околу 26 илјади евакуирани

од nenad
0 минути читај за




Вкупно околу 26.000 луѓе се принудени да избегаат од пожарот на шпанскиот остров Тенерифе, соопштија спасувачките служби.
„Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи. Вчера беа евакуирани 4.500. Пожарот уште повеќе се прошири ноќеска поради особено тешките временски услови.