Пејачката Тања Савиќ откри дека не очекувала да биде повикана да пее на прославата на српските олимпијци, но дека, иако не ја следела Олимпијадата, никогаш не се сомневала во успехот на спортистите…
Тања Савиќ пееше на прославата на српските олимпијци, што, како што истакна, се се случило непланирано.
Навистина сум изненадена, пред се затоа што сакав цел ден да го поминам во пижами, денот пред тоа патував девет часа. Поканата дојде неколку часа пред забавата и се изненадив, но многу ми е драго што ме поканија, како можев да го одбијам ова“ – изјави Тања по пристигнувањето во белградскиот ресторан и додаде:
За жал, не ја следев многу Олимпијадата бидејќи работев, па немав време. Луѓето околу мене беа нервозни, јас не бев, затоа што знаев дека ќе победиме на секое поле. Нашите најдобри се најдобри и тоа е тоа“ – истакна Тања пред медиумите.
Поврзани објави
Да потсетиме, Радиша Трајковиќ Дани го изрази своето незадоволство што, иако меѓу првите дојде на прославата, не успеа да запее за српските спортисти, па разочаран си замина околу пет часот наутро.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: