Почетна Убавина и здравјеНе ве родило тоа вас, туку вие него! – Убавина и здравје

Не ве родило тоа вас, туку вие него! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Порано децата повеќе ги почитуваа своите родители, но денес работите се поинакви

Еве кои 4 работи никако не смеете да ги толерирате или да му ги простите на вашето возрасно дете…

1. Манипулација

„Мамо, ако ме сакаш, тогаш ќе го прифатиш и мојот сопруг“, „Тато, ако ме сакаш, ќе ми ја дадеш твојата заштеда да започнам бизнис.“ Па ако не го направите тоа што го бараат, децата смртно се навредуваат и се закануваат дека никогаш веќе нема да ве посетат. Чиста манипулација! Никако не смеете да го дозволите ова! Родителството не ве обврзува да одите против својата волја и здравиот разум. И секако дека вашето дете нема да исчезне од вашиот живот само затоа што имате свое мислење.

2. Чувство на вина

Самохраните мајки честопати надоместуваат за тоа што детето растело без татко со тоа што му дозволуваат да прави што сака. Но сето тоа е залудно! Детето ќе порасне и нема да се грижи за мајка му. Ќе си го потроши животот залудно и ќе ја обвини мајка си за тоа. Ете до каде може да доведе чувството на вина!


Поврзани објави

3. Мое и наше

Дали сè треба да се дели во семејството? Уште една точка на која треба да обрнете внимание. Ако вашето дете земе нешто од вас и не смета дека треба да ви го врати, треба да размислите за тоа. И во родителството треба да постојат граници. Ако позајми пари од вас? Мора да ви ги врати. Ако ви го изгубиле наследениот накит од мајка ви? Треба да надомести. Многу разгалени деца сметаат дека не треба да им враќаат на родителите, додека мајката и таткото се должни да им даваат пари.

4. Никогаш не дозволувајте да бидете обезвреднети

Ако вашето дете завршило факултет, а вие не, тоа не значи дека треба да му дозволите да ви „соли памет“. Сетете се на познатата изрека и изговорете ја гласно: „Јас те родив тебе, а не ти мене!“

Ако сакате да живеете на одреден начин, не му дозволувајте никому да го критикува вашиот живот, дури и да е тоа вашето родено дете.