Пејачот отвори душа за своите колешки, односот со Ханка Палдум и новата песна посветена на неговата болест.
Пејачот Бојан Томовиќ повторно се најде во центарот на вниманието со своите изјави. Тој призна дека во минатото зборувал дека би сакал да сними провокативен филм со колешката Милица Павловиќ, но денес вели дека тоа не би се остварило.
Мора да сум бил многу пијан кога го изјавив тоа. Дури и да сакам, таа веројатно не би прифатила, затоа што се зборува дека сака жени. Значи, ништо од тој филм“ – рече Томовиќ.
Тој се осврна и на односот со Ханка Палдум, која се налутила поради негови непримерни објави и фотографии. Иако призна дека не се во контакт, истакна дека ја смета за уметница и инспирација и дека нивната заедничка песна „Еден е дом“ му е драга.
Поврзани објави
Покрај тоа, пејачот откри детали за новата песна „Срце мое“, која ја посветил на својот долгогодишен проблем со биполарно растројство.
Според него, колегите треба да бидат подготвени, бидејќи планира силно враќање на сцената. Тој додаде дека нема да има нов дует со Јована Пајиќ, а коментирајќи ја пејачката Марија Шерифовиќ, остро изјави дека „пее одлично, но е најгрда на Балканот“.
printskrin youtube – blic- milica pavlovic