Актерката се појавила на премиерата на својот филм во друштво на 17-годишниот Александар
Холивудската актерка Наоми Вотс е мајка на два сина. Но веќе долги години очите на јавноста главно се вперени во помладиот Каи. Имено, 15-годишното момче кого го добила со Лив Шрајбер, за разлика од својот постар брат Александар, уште од мали нозе претпочита да носи женска облека и да ја пушта косата долга.
Па така, сите се интересираат за нејзините родителски методи. Се чини дека на семејството не му пречи однесувањето на овој тинејџер и му оставаат простор да се изрази.
Од друга страна, многу поретко се зборува за 17-годишниот Александар. Момчето не сака многу да се фотографира, но одвреме-навреме Наоми, сепак, објавува фотографии со него на својот блог. Многумина коментираат дека младичот многу созреал изминатава година, а по последното појавување со мајка му, Александар очигледно би требало да има и своја база на обожаватели.
Неодамна, Вотс се појавила во друштво на Александар на проекцијата на својот нов филм „Пријател“, во рамките на 62. Њујоршки филмски фестивал, каде што тој се однесувал многу самоуверено пред камерите. И покрај тоа што не сака да се слика, им позирал на фотографите прегрнувајќи ја мајка си.
Сепак, интернет-корисниците забележале дека Наоми одбрала премногу провокативен фустан за нејзиното излегување со Александар. Фустанот имал комплетно проѕирен горен дел, додека младото момче го усогласило својот стајлинг со оној на актерката во црн костим и маичка, а изгледот го надополнил со златен синџир.
„Се прашувам дали на синот му е непријатно покрај мајка му вака облечена?“, „Од некоја причина непријатно ми е да гледам како таа се прегрнува со син ѝ“… се нижеле коментарите.
Поврзани објави
Вотс неодамна споделила објава на својот личен блог, каде што ги споделила своите мислења околу тоа колку брзо лета времето. Признала дека воопшто не забележала дека син ѝ пораснал.
„Толку сум среќна што сум твоја мајка! Горда сум на младичот во којшто се претвори. Ти благодарам што се’ уште ми дозволуваш да те држам за рака понекогаш.“
Родителите во Америка се трудат да имаат разбирање за определбата на своите деца. Наоми исто така се придржува до овој став во случајот на нејзиниот најмлад син. Каи активно експериментира со својот изглед и често носи здолништа, фустани и други женски парчиња.
Од неодамна, Самуел Каи почнал сериозно да се занимава и со шминка и маникир. Како што некои тврдат, момчето одбива да излезе надвор без шминка на лицето. Одвреме-навреме ѝ прави друштво на својата мајка на јавни настани. Еднаш тинејџерот ја изненадил јавноста кога се појавил на настан на Модната недела во Њујорк во долг темен фустан и потпетици.
ФОТО: Инстаграм @naomiwatts, @kai.schreiberr