Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека има „драматичен пад“ на испораките на американско оружје за израелските воени напори во Газа, повторувајќи го претходното тврдење кое беше демантирано од администрацијата на Бајден. Нетанјаху во обраќање до Кабинетот наведе дека падот се случил пред четири месеци, без да прецизира кое оружје .
Изјавата на Нетанјаху минатата недела предизвика бес во Израел и беше дочекана со негирање и збунетост од претставници на Белата куќа. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби рече дека САД се „збунети“ од тврдењата на Нетанјаху.